Работна средба во Стопанска комора: Имплементација на ЦЕФТА

48

Тема на работната средба што за денес е планирана во Стопанската комора на Македонија, е имплементација  на ЦЕФТА – патот за во иднина.

Извршниот директор на ЦЕФТА – Секретаријатот со седиште во Брисел, Рената Витез, ќе говори за имплементацијата на ЦЕФТА и идните приоритети и обврски на регионот, и за Стратегијата за ЈИЕ 2020 и вклучувањето на Македонија.

Од Стопанската комора на Македонија изјавуваат дека по либерализацијата на трговијата, усогласувањето на регулативата за конкурентност, за јавните набавки, за државна помош и др., процесот на имплементација на ЦЕФТА 2006 продолжува.

Следно што престои е либерализација на услугите, усогласување на регулативата за инвестиции, интелектуална сопственост, во финансискиот сектор, создавање на добавувачки синџири, инфраструктурно поврзување. Преку овие активности, со помош на ЦЕФТА, регионот треба да стане партнер со капацитет на ЕУ.