Работници од Македонија и Србија ќе берат вранец во Црна Гора

131
Red wine grapes growing in a vineyard in southern France. Space for copy on right.

Компанијата Плантажи од Црна Гора минатата недела ја започна бербата на грозјето од сортата вранец. За оваа година е планиран принос од 17 милиони килограми грозје за вино, од кои осум милиони килограми ќе бидат вранец, пренесуваат црногорските медиуми.

За бербата ќе бидат ангажирани шест комбајни, 530 работници, околу 30 тешки камиони и 20-тина трактори. Од тие 530 работници, 200 се од Црна Гора, а 330 дошле од Македонија и Србија.

“Со механизирана и рачна берба дневно се берат околу 600.000 килограми винско грозје и досегашните резултати покажаа дека, што се однесува до вранецот, ќе се доближи до планираното, меѓутоа кај белите вински сорти има потфрлање од 30 до 35% од планираните приноси“, вели Душан Канкараш, директор на Плантажи.

Фото: Freepik