Раце што зборуваат – веб речник на македонски знаковен јазик

124

Првиот веб речник на македонски знаковен јазик е веќе достапен за јавноста www.znakoven.mk.

Речникот е целосно изработен од членовите на Здружението на глуви и наглуви Тишина – Карпош со поддршка  на Министерството за надворешни работи на кралството Норвешка, Меѓународната фондација Борис Трајковски и маркетинг агенцијата SkyBlueMedia.

Преку проектот Раце што зборуваат се поставува солидна основа пред сè за глувата популација, за знаковните толкувачи, но и за сите заинтересирани во Македонија да се здобијат со квалитетно образование на македонскиот знаковен јазикво кои се употребени високи светски стандарди за изработка на еден ваков речник.

Преку овој проект се отвара нова страница во македонското општество за зголемена рамноправност помеѓу глувите лица и лицата што слушаат со цел да се обезбеди подобра комуникација, социјална инклузија на глувата популација како и подигање на јавната свест за нивните потреби.