Рачна машина за алишта што пере за четири минути

492

gentlewasher_transparant_1_568x

Фото: Gentlewasher

Gentlewasher е уред на рачен погон за перење на алишта што може да испере 12 маици или осум фустани и искористи околу 4,7 литри вода. Сè што треба да направи корисникот е да го прикачи цревото за вода, да ја стави облеката и една лажица детергент и да почне да врти со рачката. По две минути перење и две минути плакнење, облеката е подготвена за сушење.

Ергономската рачка гарантира дека корисникот нема многу да се умори за време на процесот на перење, пишува Inhabitat.

Од  холандската компанија велат дека нивниот производ е нежен уред за перење за облека и ја заштитува облеката од оштетувања во барабанот. Резултатите се исто толку добри како и стандардната машина. Gentlewasher е наменета за облека што треба да се пере на рака, но може да се користи и за други видови облека. Најмногу би им користела на луѓето кои патуваат или кампуваат или оние кои живеат во мали апартмани.

Компанијата вели дека нивната мисија е да развијат достапен уред за перење за луѓето ширум светот, бидејќи пет милијарди луѓе сè уште немаат пристап до машини за перење и мора да поминат неколку часа за перење облека. Цената на оваа машина изнесува 269 долари.