Раде Кончар апаратна техника во 2016 година оствари 6,1 милиони денари добивка

36

rade-koncar-aparatna-tehnika-1

Добивка од 6.124.000 денари прикажа Раде Кончар апаратна техника во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, добивката на компанијата беше 2.080.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во 2016 година беа 11.303.000 денари, додека претходната 2015 година приходите изнесуваа 4.120.000 денари.

Компанијата се занимава со производство на  производство на AC и DC управувани моторни и помошни контактори, модуларни контактори, биметални релеи, нисконапонски прекинувачи, брегасти склопки, електронски временски релеи, тастери, со еден збор, ги произведува сите основни елементи на релејно контакторско управување и останати електрични постојки како и сервис и поправка на електрични производи.