Радош Вукиќевиќ нов генерален директор на Тиквеш

46

foto_rados-vukichevich-tikves-winery

Управниот одбор на винарската визба Тиквеш го именува Радош Вукиќевиќ за нов генерален директор на компанијата, кој стапува на функцијата од 03.07.2017 година, соопштуваат од компанијата.

Радош Вукиќевиќ е искусен професионалец кој одлично ја познава винската индустрија и самиот Тиквеш, со оглед на тоа што од почетокот на 2010 до средината на 2013 година беше менаџер за маркетинг и односи со јавност во  компанијата.

Во својата досегашна кариера, Вукиќевиќ работел и на други одговорни позиции, како претставник на компанијата Кока – Кола (The Coca –  Cola Company) за Македонија, како и регионален менаџер за продажба и директор на сектор за управување со ланецот за набавки и логистика во компанијата Алкалоид, каде стекнал драгоцени искуства и вештини од областа на менаџментот, продажбата и развојот на нови пазари. Во изминатите четири години ја извршуваше функцијата економски промотор на Република Македонија со седиште во Софија, одговорен за пазарите на Бугарија и Србија.

Тимот на Тиквеш, дополнет со искусен професионалец каков што е Радош Вукиќевиќ, ќе продолжи со остварување на зацртаната стратегијата на Тиквеш за долгорочен одржлив развој преку континуирани вложувања во технологија, во иновации и производство на автентични, висококвалитетни вина и нивен пробив на светските вински пазари.