Рамстор со нова кампања по името Рамстор мол свири

89

ramstore

Трговскиот центар Рамстор денеска ја најави најновата кампања која го носи името Рамстор Мол свири, која ќе опфати серија на бесплатни концерти.

Започнувајќи од втори мај, саботите во трговскиот центар се резервирани за вистински концертни трески од кои дел ќе бидат улични музички изведувачи, а најголемо музичко случување на месецот ќе биде настапот во живо со бенд на Елена Ристеска кој ќе се одржи на деветти мај со почеток во 17 часот.

Ramstore Elena Risteska 3

Како што велат од Рамстор Мол, оваа програма е само дел од сите возбудливи денови и кампањи кои трговскиот центар ги подготвува за своите посетители во текот на летниот период.

На купувачите им преостанува да ги забележат наведените датуми за музичките концерти, да уживаат во купувањето и најавените настапи.