Раперот Џеј Зи и најбогатиот Европеец станаа ортаци

46

Винскиот бренд Moet Hennessy презема 50% удел во луксузниот производител на шампањ, Armand de Brignac, чиј косопственик е раперот Џеј Зи.

Moet Hennessy, којшто е во сопственост на LVMH, е последниот во низата луксузни брендови што одлучи да се поврзе со бизниси на познати личност.

“Горд сум што може да му посакам добредојде на семејството Арно во нашиот бренд преку ова партнерство“, рекол Џеј Зи, мислејќи на Бернард Арно, еден од најбогатите луѓе на планетата во чија сопственост е LVMH.

Не е познато колку производителот на шампањ одвоил за брендот на Џеј Зи.

Познати луксузни брендови ширум светот веќе подолго време имаат пракса да склучуваат договори со познати личности, со цел да привлечат помлади купувачи. На пример, сопругата на Џеј Зи, поп ѕвездата Бијонсе, веќе е вклучена во брендот за спортска облека Ivy Park. Исто така, козметичкиот бренд Coty, којшто е во сопственост на Max Factor, има една петтина удел во козметичката линија на Ким Кардашијан, под името KKW и тоа за 200 милиони долари.

Фото: Pexels