Раст на БДП од 2,4% во последното тримесечје од 2016 година

22

sitni-pari-pexels

Фото: Pexels

Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2016 година изнесува 2,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 28,5%, Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 9,8% и Земјоделство, шумарство и рибарство од 1,8%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2016 година номинално расте за 5,8%, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 64%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8,4%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2,4%.