Раст на БДП од 3,9% во првото тримесечје

12

Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од оваа година изнесува 3,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2014 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во
секторите Градежништво од 13,7%, Финансиско посредување, Активности во врска со недвижен
имот, изнајмување и деловни активности, Други комунални, општи и лични услужни активности (вклучени се и импутираните станарини) од 4,7% и Е-Трговија на големо и трговија на мало, Поправка на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата од 3,3%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на
домаќинствата, во првото тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2,3%, а нејзиното учество во
струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 81,4%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,3%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 9,8%.