Раст на депозитите и кредитите на компаниите во декември

24

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во текот на декември минатата година, се зголемени за 6,0% на месечна основа, речиси во целост заради растот на депозитните пари, соопштува Народна банка.

Годишниот раст на депозитите на корпоративниот сектор, како што се наведува, изнесува 14,6%, при најголем придонес на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и депозитите во странска валута (краткорочни и долгорочни), додека краткорочните депозити во денари се намалени.

Кај кредитите на корпоративниот сектор, во декември, е забележано месечно и годишно зголемување од 3,3% и 1,9%, соодветно. Од аспект на валутната структура, кредитите одобрени во денари имаат малку поголемо учество во месечниот раст, додека годишниот раст во целост произлегува од кредитите во странска валута (намалено кредитирање во денари).

Фото: Pixаbay