Раст на депозитите и кредитите на корпоративниот сектор во ноември

16

Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор, во ноември, е евидентиран месечен раст од 0,5%, којшто произлегува од растот на депозитните пари, краткорочните депозити во странска валута и долгорочните депозити во денари, при остварен пад кај краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, покажуваат податоците на Народна банка.

Стапката на годишен раст на депозитите на корпоративниот сектор изнесува 8,9% и во најголем дел, како што се наведува, се должи на зголемување на депозитите пари.

Кредитите на корпоративниот сектор овој месец, бележат раст од 1,2% и 2,7% на месечна и годишна основа соодветно. Анализирано по валутната структура, нагорните месечни и годишни промени во поголем дел произлегуваат од кредитите одобрени во денари (учество од 78% и 60,1% соодветно). Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителни и спорни побарувања, согласно со одлуката на Народна банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор во ноември изнесува 4,8%.

Фото: Pexels