Раст на депозитите и кредитите во октомври

15

Овој месец, вкупните депозити на корпоративниот сектор се зголемија за 0,9% на месечна основа, главно под влијание на зголемувањето кај краткорочните и долгорочните депозити во странска и домашна валута, додека депозитните пари остварија пад, покажуваат податоците на Народна банка.

На годишна основа, кај овие депозити е забележан раст од 9,6%, што во најголем дел се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и на краткорочните депозити во странска валута.

Кај кредитите на корпоративниот сектор е евидентиран месечен раст од 0,6% и годишен раст од 2,2%. Анализирано според валутната структура, кредитите одобрени во странска валута имаат поголем придонес кон растот на месечна основа, додека на годишна основа поголем придонес кон растот имаат кредитите одобрени во денари.

Со исклучување на ефектот од извршените отписи на сомнителните и спорните побарувања, согласно со одлуката на Народната банка, годишниот кредитен раст кај корпоративниот сектор во октомври изнесува 4,5%.

Фото: Pixabay