Раст на индустриското производство во октомври

27

Индустриското производство во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 4,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи опаѓање од 11%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 7,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 5,5%.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,2%, Капитални производи за 12,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,2 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8,5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,3%.

Индустриското производство во периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на периодот јануари − октомври 2018 година, е зголемено за 5,4%.