Раст на продажните цени на индустриски производи на домашен пазар во декември

23

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, во декември минатата година, се повисоки за 0,1% на месечно ниво и за 1,1% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во декември 2019, во споредба со ноември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка 0,6%.

Во декември 2019, во споредба со декември 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2% и Капитални производи за 0,5%.

Фото: Pixabay