
Во секторот култура во ЕУ во 2022 година биле вработени 7,7 милиони лица, што претставува 3,8 проценти од вкупниот број работници во Унијата и е зголемување за 4,5 отсто во споредба со претходната година, кога во културниот сектор бил ангажирани 7,4 милиони лица.
Како што соопшти Европската статистичка служба – Евростат, уделот на вработени во културниот сектор се зголемил во 19 членки на ЕУ, а се намалил во останатите осум.
Најголем раст на бројот на културни работинци на годишно ниво е забележан на Кипар и тоа од 21,5 отсто, пред Луксембург со 14,5, Ирска со 14, Шведска со 11,9 и Холандија со раст од 10,5 проценти.
Од друга страна, најголемо намалување на бројот на вработени во културата од 7,7 отсто има во Бугарија, по што следуваат Чешка со 7,3, Хрватска со 6,3, Естонија 5,3 и Летонија со пад од 2,5 проценти.