Раст од 80%: Во мај издадени 469 одобренија за градење

Бројот на одобренијата за градење во мај 2025 година е зголемен за 80.4 % во однос на истиот период од претходната година,  објави Државниот завод за статистика

Во  мај 2025 година се издадени  469  одобренија за градење, што е за  80.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  7 868 401 илјада денари, што е за 34.1 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење,  255 (54.4 %) се наменети за објекти од високоградба, 104 (22.2 %) за објекти од нискоградба и 110 (23.5 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 469 објекти, на 232 (49.5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 237  (50.5 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1. 037 станови со вкупна корисна површина од 90 813 м2.

Главни поенти

Во мај 2025 година:

Најмногу одобренија за градење, 255, се издадени за високоградба
Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 146
За изградба се предвидени 1 037 станови