Раст од 95% на извозот од ТИРЗ

25

Четврт милион евра изнесува извозот во првиот квартал од годинава извозот од технолошко – индустриските развојни зони (ТИРЗ). Според податоците на Дирекцијата за ТИРЗ има раст од 95% во однос на минатата година. Лани во првиот квартал извозот од ТИРЗ изнесувал 126 милиони евра, што значи дека повеќе од третина од македонскиот извоз доаѓа од странските инвестиции во технолошко-индустриските зони.
Високиот раст на извозот од ТИРЗ е резултат на влегувањето на Џонсон Мети во втората фаза на производство, на почетокот на производството на ВанХол, зголемувањето на производството на Кемет Електроникс, како и почнувањето на активното производство на Џонсон Контролс во Штип.
“Во моментот сме во завршни преговори со неколку компании кои се пред донесување одлука за инвеститрање во технолошко-ндустриските зони или веќе имаат донесено одлука, но таа не е официјализирана. Станува збор за компании од САД, Германија и Италија, кои покрај Скопје се заинтересирани да инвестираат во неколку зони од внатрешноста каде досега немало странски инвестиции”, вели Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за ТИРЗ.
Во технолошко-индустриските зони во моментов функционираат Џонсон Контролс, Џонсон Мети, ВанХол, Текнохозе, Кемет и Протек груп. Во зоните во моментов работат 2.700 луѓе, а вкупните досегашни инвестиции се проценуваат на 240 милиони евра.