Расте бројот на странски туристи

19

Бројот на странските туристи во април годинава е зголемен за 25,5% во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Пораст бележи и бројот на ноќевањата што ги оствариле странските туристи и тоа за 24.5 %.

И бројот на домашните туристи во април 2018 година, во однос на април 2017 година, е зголемен за 12.3 %, а бројот на ноќевањата пораснал за 6,1%.

Според податоците на ДЗС бројот на туристите во април 2018 година изнесувал 82.635, што е зголемување за 21,4% во однос на април 2017 година. А зголемување има и во бројот на релизирани ноќевања-164.183, односно пораст од 17,2%.

Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 18,7 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 10,8 %, а кај странските има зголемување за 23%.

Фото: Pexels