Расте довербата на потрошувачите во ЕУ и еврозоната

19

Довербата на потрошувачите во Европската унија и во еврозоната е зголемена во април, трети месец по ред и покрај делумното затворање во одредени земји заради сузбивање на пандемијата, покажуваат проценките на Европската комисија.

Прелиминарниот индекс на доверба на потрошувачи во Европската унија во април е зголемен за 3,1 поени во однос на март, на -9 поени. Со тоа се приближува на нивото пред пандемијата го надмина долгорочниот просек, што изнесувал -10,6 поени.

Во февруари лани, кратко пред избивање на пандемијата, индексот бил -5,8 поени.

Значително подобрување на довербата на потрошувачите во има кај 19-те земји членки во еврозоната, каде што има раст на индексот за 2,7 поени, на -8,1 поен, покажуваат прелиминарните податоци на Европската комисија.

Неговата вредност е на највисоко ниво од минатиот февруари, кога изнесуваше -6,4 поени, надминувајќи го долгорочниот просек од -11,1 поен.

Фото: Pexels