Расте инфлацијата во САД

26

Потрошувачките цени во САД во март пораснаа за 0,6% на месечно ниво, што е најголем пораст од август 2012 година. Како последица се наведува растот на побарувачката поради етапно отворање на економијата и големата фискална поддршка.

Тоа не ги вознемири инвеститорите бидејќи претседателот на американската централна банка Џером Пауел во неколку наврати порача дека растот на цените оваа година најверојатно ќе биде привремен и дека емисионата банка ќе продолжи да ја поддржува економијата.

Тоа значи дека каматните стапки ќе останат на ниско ниво, а ќе се разгледуваат монетарните мерки за поддршка на економијата.

Од таа причина не се зголемени приносите на американските државни обврзници, коишто обично растат заедно со инфлацијата.

Фото: Pexels