Расте интересот за експерименталната вакцина на CureVac

7

Германската биотехнолошка компанија CureVac соопшти дека во изминатите денови има пораст на барањата за нејзината експериментална вакцина во момент кога расте загриженоста поради нуспојавите од други вакцини.

Портпаролот на CureVac рекол дека пристигнале најразлични барања, вклучувајќи ги оние од владата и меѓународните организации.

Европската унија во ноември обезбеди до 405 милиони дози од вакцината на CureVac што се дава во две дози, но уште нема добиено дозвола од регулаторните тела за употреба.

Фото: Pexels