Расте продажбата на германско пиво во Велика Британија

24

Продажбата на германско пиво во Велика Британија минатата година е значително зголемена, благодарение поради кризата поради коронавирусот и затворените пабови поради што потрошувачите купувале пиво во супермаркети, пренесуваат германските медиуми.

Извозот на германско алкохолно пиво во Велика Британија минатата година порасна за околу 25%, на 699.000 хектолитри.

Пабовите и рестораните во Велика Британија со месеци беа затворени, а тоа се вообичаено објекти во коишто германското пиво се продава помалку во однос на пивото од други европски производители.

Во исто време, продажбата на германско пиво во супермаркетите, што останаа отворени за време на пандемијата, е зголемена и тој тренд продолжува да расте.

За разлика од алкохолното, продажбата на безалкохолно пиво од Германија во Велика Британија лани се намали од 169 на 151.000 хектолитри.

Фото: Pexels