Различни причини за високи закупнини

12

zgrada

Фото: Pexels

Дали се грижиш ако те „изгорат“?

Јас се грижам. Многу нешта во овој живот се скапи. Се разбира, понекогаш овој трошок е природен исход на моќта на оскудицата. На пример, нема многу станови со поглед на Централ парк во Њујорк или на Хајд Парк во Лондон. Овие станови се скапи затоа што толку многу луѓе ги сакаат нив и многу луѓе се разочарани. Нема ништо лошо во ова. Но, не е ни приближно толку очигледно зошто во кино пуканките се толку скапи– последниот пат кога проверив немаше оскудица на пуканки. Така што, првото нешто што можеби ќе го направиме е да направиме разлика помеѓу различните причини заради кои работите се скапи.

Во смисла на Рикардо, би сакале да ги знаеме различните причини за високи закупнини. Примерот со ливадите е само малку интересен (освен ако не сте земјоделец), но добива одеднаш значење кога се применува на прашањето зошто изнајмувањето на вашиот стан чини толку прекумерно или дали банките не крадат. Можеме да почнеме со ливадите и да го примениме пошироко она што го  научивме. Знаеме дека рентите за најдобро земјиште се определуваат со разликата во плодноста меѓу најдоброто земјиште и маргиналното земјиште. Оттука очигледна причина што рентата може да биде висока е дека најдоброто земјиште произведува многу вредни култури во однос на маргиналното земјиште. Како што споменавме претходно пет бушели на жито е пет долари рента на еден долар бушел, но за двесте илјади долари бушел, пет бушели на жито е еден милион долари рента. Ако житото е скапо, тогаш е нормално производството на ливадите што се оскудни исто така да биде скапо.

Но, има уште еден начин да се покачуваат рентите на ливадите и тоа не е толку природен. Да речеме дека земјопоседниците се здружиле и успеваат да го убедат локалниот шериф дека треба да воспостават она што во Англија го нарекуваат “зелен појас”, широка површина на земјиштето околу градот на којашто градењето е многу обесхрабрено од строги прописи на планирање. Земјопоседниците тврдат дека ќе биде срамота да се покријат прекрасните диви земјиште со фарми така што одгледувањето на земјиштето треба да биде забрането.

Земјопоседници ќе имаат многу голема корист од таквата забрана бидејќи тоа ќе ги зголеми рентите на легалното земјиште. Се сеќавам дека рентите за ливадите се определени од разликата помеѓу продуктивноста на ливадите и продуктивноста на маргиналните земјишта. Со поставување на забрани за одгледување на маргиналното земјиште рентите на ливадите ќе скокнат. Ако алтернатива на плаќање на рентата и на обработување на ливадите беше да се одгледува на необработливото земјиште без рента, сега не постои таа алтернатива. Сега земјоделците многу повеќе сакаат да одгледуваат на ливади отколку на необработливото земјиште бидејќи не е легално и се подготвени да платат многу повисока рента.

Значи, пронајдовме две причини зошто рентите можат да бидат високи. Првата причина е дека вреди да се плаќа многу за добра земја бидејќи житото што доброто земјиште го произведува е, исто така толку вредно. Втората причина е дека вреди да се плаќа многу за добро земјиште бидејќи не се достапни алтернативите кои треба да бидат достапни. Лондон е опкружен од страна на оригиналниот „Зелен појас“, што е создаден во 1930 година. Затоа имотот во Лондон е толку скап за изнајмување или купување, а не поради тоа што е толку многу подобар отколку алтернативата бидејќи алтернативата е направена да биде незаконска?

Тоа е комбинација на двете. Лондон е уникатен и подобро место да се направат убави станови или деловни згради отколку во Сибир, Канзас Сити или дури и Париз. Закупнините се високи делумно поради тоа, но има уште една причина, тоа е поради Зелениот Појас. Еден ефект е да се задржи Лондон за да не излезе надвор во околниот регион, што за многу луѓе е добра идеја. Другиот ефект е да се пренесе масовното количество на пари од станарите на Лондон на земјопоседници на Лондон. Зелениот Појас ги одржува закупнините и цените на куќите во Лондон многу повисоки отколку што треба да бидат на ист начин како забраната за обработка на необработливото земјиште ги држи рентите на ливадите многу повисоки отколку што инаку би биле.

Ова не е аргумент против Зелениот појас. Има многу предности од тоа што популацијата во Лондон е ограничена на околу шест милиони луѓе наместо шеснаесет милиони или 26.000.000. Но, важно е дека кога ние ги мериме добрите и лошите страни на законодавството како зелен појас да разбираме дека неговите ефекти се поголеми од едноставно да се зачува животната средина. Закупнините на деловен простор во Вест Енд, Лондон, се повисоки отколку во Менхетн или централно Токио, всушност, Вест Енд е најскапото место во светот за изнајмување на деловен простор, а исто така го држи светскиот рекорд за најскап стан, околу 31 милион фунти.  Зелениот Појас го направил имотот во Лондон редок во однос на луѓето кои сакаат да го користат и се разбира, силата доаѓа од оскудицата.

Дали не крадат?

Еден од проблемите на iекономистот е дека ќе почнете да гледате насекаде „зелени појаси“, на еден или на друг начин. Како можеме да ја согледаме разликата помеѓу оние што се навистина скапи бидејќи тие се природно ограничени и работите кои се скапи бидејќи се резултат на вештачки средства како закони, регулативи или валкани игри? Тука може да помогне моделот на Рикардо. Треба да ја цениме скриената паралела помеѓу природните ресурси, како полиња или зафатени локации и компании. Полињата се начини за претворање на материјалите во различни нешта, ѓубриво и семе во жито. Компаниите се исти.

Производител на автомобили го претвора челикот, електричната енергија и други состојки во автомобили. Бензинската пумпа ги претвора пумпите, големите резервоари на гориво и земјиштето во бензинот во вашиот резервоар. Банката ги претвора компјутерите, сметководствените системи и парите во банкарските услуги. Без некој поголем интелектуален напор може да го замениме зборот „рента“ со „профит“ во моделот на Рикардо. Рента е приносот што земјопоседници го добиваат од својот имот, а профит е принос на сопственици на компанијата што го заработуваат од нивниот имот.

Да го употребиме банкарството како пример. Замислете дека една банка е многу добра во производство на банкарски услуги – има фантастична корпоративна култура, силен бренд и има развиено најдобар специјализиран банкарски софтвер. Добри луѓе работат таму и други добри луѓе сакат да се приклучат само да учат од нив. Сето ова, ќе го наречеме  „одржлива конкурентна предност “, што значи одредена предност во однос на конкуренцијата што ќе произведува профит година за година. Оваа банка ќе ја наречеме Аксел Банка. Втората банка, Боб Банка не е толку компетентна: брендот е помалку доверлив, а корпоративната култура е така-така. Тоа не е лошо, но тоа не е ни добро. Третата банка, Корнелиј Банка, е исклучително неефикасна. Има многу лош углед, вработените се груби кон клиентите и немаат контрола на трошоците.

Корнелиј Банка е помалку ефикасна од Боб Банка и многу неспособни во споредба со Аксел Банка. Сето ова треба да не потсети на трите типа на земјиште: ливада, која е многу ефикасна во производство на жито, необработливо земјиште што е помалку ефикасно и пасишта, која е уште понеефикасна.

Аксел Банка, Боб Банка и Корнелиј Банка се натпреваруваат да ги продадат банкарските услуги убедувајќи ги луѓето да отворат сметка или да земат заеми. Но Аксел Банка е толку ефективна што може или поевтино да произведе банкарски услуги или да произведе подобар квалитет на услуги за истата цена. На крајот на секоја година Аксел Банка ќе остварат големи профити, Боб Банка, која им служи на своите клиенти помалку професионално ќе направи скромен профит, а Корнелиј Банка ќе биде на нула. Ако банкарскиот пазар е поостар Корнелиј Банка ќе излезе од бизнисот. Ако банкарскиот пазар стане попривлечен Корнелиј Банка ќе започне да прави профит, а нова банка, што е помалку ефикасна отколку Корнелиј Банка, ќе влезе во бизнисот. Новата банка ќе биде маргинална банка.

Без повторување на секој чекор од анализата, може да се потсетиме дека рентата на ливадата беше поставен со споредување на продуктивноста на ливадите во однос на маргиналните површини. На ист начин, профитот на Аксел Банка е определен во споредба со Корнелиј Банка, маргиналната банка, за која знаеме дека очекува да направи мал или никаков профит. Профитот на компанијата, како рентите, се одредуваат од страна на алтернативите. Компанија со силна конкуренција ќе биде помалку профитабилна од компанија со некомпетентни ривали. Веројатно мислите на грешка во аналогијата, површината на ливадите е фиксна, но компаниите можат да расте. Но, тоа е само делумно точно. Компаниите не можат да растат преку ноќ без да им се намали угледот и другите способности кои ги правеле успешни.

Од друга страна, додека површината на ливадата не може да се промени, разликите помеѓу различни типови на земјиштето ќе се променат во текот на времето како што ќе се развиваат  наводнувањето, контролата на штетници или технологијата на ѓубриво.

Моделот на Рикардо, кој ги игнорира овие промени со текот на времето, ќе ги објасни трендовите во земјоделските цени во децении, но не во текот на вековите, а тоа ќе ја објасни профитабилноста на корпорациите со текот на годините, но не и децениите. Како и со многу економски модели, анализата функционира за одредена временска скала, во овој случај, на краток и на среден рок. За други временски скали потребни се различни модели. Ова е многу добро. . . но, што има врска со корпоративниот голем приход?

Весниците често укажуваат на високите корпоративните профити како знак дека потрошувачите се „изгорени“. Дали се во право? Само понекогаш. Анализата на Рикардо сугерира дека постојат две причини зошто просечниот профит од индустријата како банкарството може да биде висока. Ако клиентите навистина ја ценат добрата услуга и репутација, и Аксел Банка и Боб Банка ќе направат многу пари (Корнелиј Банка е маргинална банка и може да очекува многу малку). Весниците ќе можат да се жалат за прекумерна добивка. Ако клиентите даваат мала вредност за добра услуга, Аксел Банка и Боб Банка ќе бидат само умерено повеќе профитабилни од Корнелиј Банка (се уште маргинална банка, уште прават многу малку ), а просечната добивка ќе биде ниска. Коментаторите ќе бидат безгласни. Но мотивите и стратегиите што се користат од страна на индустријата не се променети – единственото нешто што се менува е дека клиентите ставаат премија на добра услуга. Никој никого не исклучува, наместо тоа, Аксел Банка и Боб Банка се наградени бидејќи нудат нешто ретки и високо ценето.

Но, високите профити секогаш не се заработени толку фер, па оттука и бесот на весниците е оправдан. Постои друго објаснување за високите корпоративни добивки. Што ако еден вид на банкарски „зелени појас“ целосно ја исклучи Корнелиј банка од пазарот? Во реалниот свет постојат многу причини зошто потенцијални нови компании не можат да влезат на пазарот и да се натпреваруваат . Потрошувачите треба себе си да се обвинуваат бидејќи додека новите фирми се борат да влезат на пазарот, се занимаваат само со реномираните претпријатија. Одредени „срамни“ производи, вклучувајќи кондоми и тампони, се многу профитабилни бидејќи на новите учесници им е тешко да создадат гласини за нивните производи. Почесто, самите фирми лобираат кај нивните влади со барање да бидат заштитени од конкуренција, како и многу влади низ светот даваат монополски лиценци или се високо рестриктивни за влегување во „чувствителни“ индустрии, како што се банкарството, земјоделството или телекомуникациите. Без оглед на причината , ефектот е ист односно етаблираните претпријатија, без конкуренција, уживаат високи профити. Всушност, поради сличноста помеѓу рентите кои можат да бидат наплатени за земјиште со неколку замени и профитот што го остварува фирма со неколку конкуренти, економисти често ги нарекуваат овие профити „монополски ренти“. Можеби терминот е малку збунувачки, но можете да ги обвинувате моделот на Дејвид Рикардо и недостатокот на имагинација од страна на економистите оттогаш до денеска.

Ако сакам да знам дали ме крадат супермаркетите, банките или фармацевтските компании како iекономист треба да откријам колку се профитабилни овие индустрии. Ако тие прават високи профити веднаш се сомневам, но, доколку е прилично лесно да се формира нова компанија и да се натпреварува, ќе се сомневам помалку. Тоа значи дека високите профити се резултат на природниот недостиг, односно не постојат многу навистина добри банкарски организации во светот и добрите банкарски организации се многу поефикасни од лошите.