Размената со странство 8,6 милијарди долари

21

trgovskarazmenaОд јануари до октомври годинава стоковната размена со странство изнесува 8.602.599.000 долари при што вредноста на увозот е 5.310.721.000 долари, а извозот 3.291.878.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62%, а трговскиот дефицит изнесува 2.018.843.000 долари.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека кај извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, преработките од нафта, производите од железо  и челик и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Во периодот јануари-октомври 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 62,4% и земјите од Западен Балкан со 24,5%, а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 59,3% и земјите во развој 21,8%.

Според податоците на ДЗС, Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Србија, Бугарија и Италија со која разменува 47,5% од вкупната надворешно-трговска размена.