Во првите шест месеци од годинава, реализацијата на капиталните расходи во буџетот е 22,51%. Според објавените податоци на Министерството за финансии, од предвидените 319.921.656 евра заклучно со 30 јуни 2020 година реализирани се 72.007.831 евра, пренесува МИА.
Во Владата реализацијата на капиталните расходи се 15,72% од предвиденото. За шест месеци од планираните 5.770.373 евра потрошени се 906.917 евра. Службата за општи и заеднички работи потрошила 1.232.140 евра од предвидените 2.647.154 евра или има реализација од 46,55%.
Министерството за внатрешни работи од 1 јануари до 30 јуни има реализирано капитални расходи од 8,84% или 1.574.810 евра од предвидени 17.812.461 евро. Министерството за правда е со реализација од 40,16% или потрошени 69.671 од 173.495 евра.
Објавените податоци покажуваат дека МНР реализирано 3,86% од капиталните инвестиции или 7.475 евра од 193.495 евра.
Кај Министерството за финансии реализацијата е 58,87% или 6.137.065 евра, додека реализацијата на ова Министерство за функции на држава е 23,3% или 12.671.906 евра.
Министерството за економија има реализација од 1,93% или за шесте месеци 37.568 евра, Министерството за животна средина 33,11% или 2.206.902 евра, Министерството за транспорт и врски 25,94% или 16.673.702 евра.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во првите шест месеци реализирало 39,55% од капиталните расходи во износ од 2.987.080 евра, додека Агенцијата за финансиска поддршка и во земјоделството и руралниот развој е со реализација од 53,15% или 8.636.821 евро.
Министерството за труд и социјална политика има реализација на капиталните инвестиции од 13,22% или 1.209.009 евра, Министерството за образование реализирало 18,62% или 3.619.154 евра, МИОА 22,08%, односно 287.961евра.
Министерството за култура реализирало повеќе од половина, односно 55,65% кои изнесуваат 1.018.033 евра.
Министерството за здравство во првата половина од годината е со реализација на капиталните инвестиции од 22,15%. Потрошени се 5.231.604 евра.
Министерството за локална самоуправа реализирало 4,11% или 6.519 евра.
Капиталните расходи или капитални инвестиции, се расходите на буџетските корисници наменети за трајни добра како патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравството, опрема хардвер, софтвер итн.
Капиталните расходи во буџетот минатата година беа со реализација од 78% во однос на проекцијата.
Фото: Freepik












