Реченици што не смеете да ги кажете на состанок

31

Фото: Pexels

Една погрешна реченица може да ја уништи цела атмосфера на состанокот. Затоа, внимателно одбирајте ги зборовите и речениците што ги користите. Прочитајте во продолжение, што никако не смеете да кажете.

“Не си во право…“

Слободно изнесете ваша идеја и кажете го вашето мислење, но никогаш не му кажувајте на никој од вашите колеги дека не е во право. Само затоа што не ви се совпаѓаат мислењата, не значи дека вие сте во право, а тој/таа не.

“Разбирам што зборуваш, но…“

Ако некому на состанок му кажете дека го разбирате во првиот дел од реченицата, а во вториот комплетно не се сложувате со него, ова ќе води кон расправија. Затоа, пронајдете нешто во што се согласувате со вашиот колега/колешка и потенцирајте го тоа.

“Никој овде не се сложува со тебе…“

Кога станува збор за бизнис релации, многу е погрешно да донесете заклучок дека некој не е во право, само затоа што останатите не се сложуваат со него. Затоа слушајте внимателно и потрудете се да пронајдете заеднички јазик и поддржете го барем во некој аспект од она што го зборува.

“Шефот не се сложува со тебе…“

Ова е најлошото нешто што може да го кажете и ова ќе ве направи да изгледате како да немате други аргументи.

“Смешен/на си…“

Ако не се согласувате со нечија идеја, не значи дека треба да го потценувате и исмејувате интелектот на другата личност. Фокусирајте се на деталите и дискутирајте за нив, наместо да навредувате некого.