Речиси 200.000 луѓе сакаат плата од 7.000 евра, а места има само за малкумина

Европската канцеларија за вработување (EPSO)  објави дека околу 170.000 луѓе аплицирале на тест кој би можел да им овозможи добро платена и сигурна работа во институциите на Европската унија (ЕУ), но порталот Politico проценува дека шансите за повеќето од нив се мали, бидејќи се отворени помалку од 1.500 работни места.

„Бројот на кандидати ги надмина сите очекувања. Ќе ги информираме кандидатите за следните чекори што е можно поскоро“, се вели во соопштението за медиумите на EPSO, пренесува N1.

Следната фаза вклучува тестирање и испити за кандидатите кои аплицирале за позиции во институциите на ЕУ на ниво AD-5, кои носат месечен приход помеѓу 6.000 и 7.000 евра.

Бројот на достапни позиции е далеку помал од бројот на кандидати, со околу 1.500 позиции на списокот на достапни позиции, но дури и тогаш позицијата не е загарантирана бидејќи многу службеници сè уште работат како привремени агенти или агенциски персонал, без сигурност на работното место или бенефиции како вработените во ЕУ.

Кога се одржа конкурсот за работни места AD-5 пред седум години, аплицираа 22.644 кандидати, а оваа година се проценуваше дека ќе аплицираат околу 50.000 луѓе.