Редок дијамант од 12 милиони долари платен со криптовалути

80

Британската аукциска куќа Sotheby’s продала редок 101,38-каратен дијамант во облик на круша, за 12,3 милиони долари, а износот е платен со криптовалути.

Аукцијата беше одржана во Хонгконг, а купувачот е непознат. Дијамантот, што го носи името The Key 10138 е еден од ретките дијаманти што имаат чистина од над 100 карати.

Проценетата вредност на дијамантот бeше меѓу 10 и 15 милиони долари.

Расте бројот на аукциски куќи што ги прифаќаат криптовалутите како платежно средство. Аукциската куќа Christie’s прифати криптовалута за сет дигитални уметнички дела уште во февруари оваа година.

Експертите сметаат дека криптовалутите нема да ги заменат традиционалните пари во догледно време, но хибридната реалност да се има и дигитален и физички паричник во исто време има потенцијал.

Фото: Pixabay