Редовна аукција на НБРМ за продажба на благајнички записи

22

Народната банка денеска спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%.

На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 25.500 милиони денари. Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 24.632 милиони денари, односно 868 милиони денари помалку од понудениот износ.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 9 март 2016 година.