Редовна аукција за продажба на благајнички записи

20

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) вчера спроведе редовна аукција за продажба на благајнички записи со примена на тендер со ограничен износ и фиксно утврдена каматна стапка од 3,25%.

На аукцијата беа понудени благајнички записи на ниво од 25.500 милиони денари.
Побарувачката и реализацијата на благајничките записи изнесуваа 24.987 милиони денари, односно 513 милиони денари помалку од понудениот износ.

Следната аукција на благајничките записи ќе се одржи на 10 февруари 2016 година.