Редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ

26

makedonska berza

Комисијата за берзански индекс на Македонска берза изврши редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ.

Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Реплек АД Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, Фершпед АД Скопје и Скопски Пазар АД Скопје.

Во однос на претходната ревизија, направена 16.12.2013 година, во Индексот МБИ10 повеќе не се акциите на Топлификација, па на нивно место дојдоа оние на Скопски пазар.

Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација – Петта емисија (RMDEN05), Обврзниците за денационализација – Шеста емисија (RMDEN06), Обврзниците за денационализација – Седма емисија (RMDEN07), Обврзниците за денационализација – Осма емисија (RMDEN08), Обврзниците за денационализација – Деветта емисија (RMDEN09), Обврзниците за денационализација – Десетта емисија (RMDEN10), Обврзниците за денационализација – Единаесетта емисија (RMDEN11) и Обврзниците за денационализација – Дванаесетта емисија (RMDEN12).

Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 30.06.2014 година. Следната редовна ревизија на индексите е на 15.12.2014 година.