Redux – очила изработени од компири, стари CD-а, печурки, коса…

111

Британскиот бренд за очила Cubitts, со седиште во Лондон, изработи прототип на очила од необични материјали. Лушпи од пченка, садови од јогурт, волна, човечка коса, стари CD-а се само некои од елементите што се вклучени во нивните рамки, пишува Dezeen.

Линијата се состои од десет различни модели, а наречена е Redux. Очилата, како што вели тимот, се изработени од отпаден материјал, којшто претходно се рециклира.

Во палетата вклучена е пластика и биопластика, мицелин од којшто се добиваат печурки, како и составната материја целулозен ацетат. Еден пар очила, на пример во својот состав има искористени пакувања за храна и шишиња од пијалаци.

Процесот на обработката вклучува неколку етапи, мелење, моделирање, глазирање.

“Крајниот материјал треба да биде доволно удобен за носење, издржлив и да изгледа добро“, потенцираат креаторите.

Иако десетте дизајни се во прототип фаза од студиото се оптимисти дека неколку од нив ќе можат да се искористат и како вистински рамки за очила во иднина.

Фото:Cubitts