Регионален форум за интернет владеење 2014

12

Регионален форум за интернет владеење 2014 ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација. Целта на форумот е да се промовираат придобивките од информациско – комуникациските технологии и да се споделат иницијативи и политики во однос на интернет владеењето, како и да се развие платформа за иницирање регионални активности на ова поле.

На форумот ќе учествуваат министри и високи владини претставници надлежни за креирање на политики за развој на информатичко општество од земјите од регионот, како и претставници на невладиниот сектор, што претставува можност за промовирање на регионална соработка во оваа област.

Воведни обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и извршниот директор на Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN), Фади Шехаде.