Регионална работилница: Воспоставување на ИТ форензичка лабораторија за даночни цели

22

rabotilnica-ujp

Од 23-ти до 25-ти овој месец, во Скопје се одржува ИОТА регионална работилница на тема Воспоставување на ИТ форензичка лабораторија за даночни цели.

Работилницата ја организира Управата за јавни приходи во соработка со Интра – европската организација на даночни администрации (ИОТА), во рамки на Годишната програма на оваа меѓународна организација.

На работилницата учествуваат претставници на даночни управи од 10 земји членки на ИОТА организацијата со 34 учесници, а свои стручни предавања ќе одржат висококвалификувани лица во делот на форензиката.

УЈП веќе петти пат е земја домаќин на работилници коишто се реализираат во соработка на ИОТА, каде од 1997 година Македонија е полноправна членка.