Регионална споредба: Младите во БиХ и Хрватска користат ВИ повеќе од македонските врсници

Алатки за генерирана вештачка интелеганција (ВИ) во Северна Македонија користат 45,4 отсто од младите на возраст од 16 до 24 години, што е под европскиот просек од 63,8 проценти, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година.

Во ЕУ, вештачката интелеганција најмногу ја користат младите во Грција (83,5%), во Естонија (82,8%) и во Чешка (78,5%). Најнизок процент е забележан во Романија (44,1%), Италија (47,2%) и Полска (49,3%).

Use of generative Al tools in the EU, 2025 (% of people, by purpose and age group). Chart. See link to the full dataset below.

Меѓу земјите во нашиот регион, пак, ВИ користат 65,4 проценти од младите во Босна и Херецеговина, 58,2 во Хрватска, 50 во Бугарија и 47 отсто во Србија.

И во ЕУ и кај нас, младите до 24 години речиси двојно повеќе користат ВИ во однос на општата популација на возраст од 16 до 74 години.

Младите луѓе употребуваат ВИ најчесто за приватни цели – 44,2%, за помош во образованието – 39,3%, а за професионална потреба 15,8%.