Регистрирана рекордна Биткоин трансакција во вредност од една милијарда долари

30

На 10-ти септември е регистрирана рекордна Биткоин трансакција каде што точно 94.504 дигитални валути биле префрлени од еден “паричник“ на друг.

Тоа е повеќе од една милијарда долари и воедно нов рекорд на ваков вид на трансакција, пишува Business Insider.de. Информацијата беше потврдена од страна на неколку извори коишто ги следат трансакциите со Биткоин.

Сепак, оние што ги даваат и примаат парите остануваат анонимни, благодарение на blockchain технологијата, така што не се знае кај кого завршиле една милијарда долари.

Тој што ги примил парите, односно неговиот дигитален паричник имал вкупно 30 трансакции од коишто 29 биле незначителни суми. Според анализите, најголемиот дел од парите дошле преку платформата Huobi Global.

Претходниот рекорд беше поставен во 2017 година, кога беа “префрлени“ 872 милиони долари.

Фото: Pixabay