Реклама којашто одлично ја опишува 2020 година

202

The Show Must Go On, големиот хит на групата Queen е музичка позадина на видеото на Amazon кое испраќа јасна порака дека дури и во предизвикувачки времиња треба да “туркаме“ понатаму и да одржуваме оптимистички дух, дури и во најмалите детали за секој ден.

Сезоната на емотивни божиќни реклами е во полн ек. Не можеме да им одолееме, па и 2020 година не е исклучок бидејќи на сите ни треба малку оптимизам за да запловиме во празничниот период, кој ќе биде поинаков овој декември.

Меѓу приказните што особено се истакнаа е рекламата на Amazon која не е директно поврзана со Божиќ, но беше лансирана како дел од празничната кампања и секако заслужува да ја видат сите.