
Во последните три години, европската хемиска индустрија изгуби девет проценти од своето годишно производство и околу 20 илјади работни места, додека дополнителни 89 илјади работни места се во прашање, според анализата на Cefic, европското здружение на хемиската индустрија. Според истиот извор, 49 проценти од индустријалците кои го прекинале производството како главна причина ги навеле зголемените цени на енергијата.
Историска пресвртница
– Помеѓу 2022 и 2025 година, бројот на банкроти во европската хемиска индустрија се зголемил за 600 проценти, а во последните две години се дуплирал. Падот на производствениот капацитет е најголем кај петрохемикалијата, со околу 48 проценти од вкупниот пад во индустријата – вели Cefic.
Според податоците на Cefic, прекинот на производството се случил во сите делови на Европа, најмногу во Германија, Холандија, Велика Британија и Франција. Централна и Источна Европа придонесоа за падот на производството во хемиската индустрија на Стариот континент со 14 проценти.
– Секторот е под голем притисок и се распаѓа. Стапката на затворање се дуплираше за една година, а уште полошо, годишната инвестиција е намалена за половина и е блиску до нула. Оваа година ни е потребна решителна акција, со решително влијание на ниво на фабрики – предупредуваат од Цефик.











