Рекордна година за спојувања и аквизиции

33
Business people shaking hands together

Првата половина на 2021 година постави нови рекорди во висина на вредноста на објавените компаниски спојувања и аквизиции. Во овој поглед, се истакнаа компаниите од технолошкиот сектор, каде беа постигнати договори за спојување деловни субјекти во вредност од над 670 милијарди долари.

Заклучно до јуни, деловните спојувања достигнаа неверојатни 2.800 милијарди долари, покажува статистиката на аналитичката фирма Refinitiv, специјализирана за обработка на информации од финансискиот свет.

“За повеќе од 40 години следење на спојувањата и аквизициите на компании, немавме можност да видиме договори да се постигнуваат со сегашното темпо, со такви постигнати вредности и обем“, коментира Мет Тул, директор за податоци за спојувања во Refinitv.

Според објавената статистика, највредните спојувања се склучени во технолошкиот сектор, од приближно 672 милијарди долари, следува финансискиот сектор (301 милијарди долари) и енергијата (298 милијарди долари).

Фото: Freepik