Рекордна потрошувачка на електрична енергија во Македонија

30

Во Македонија вчера е регистрирана рекордна потрошувачка на електрична енергија во декември. Според информациите од ЕВН – Македонија потрошени се 23,97 милиони киловат часови електрична енергија. Рекордна потрошувачка е регистрирана и во Скопје со 9,9 милиони киловат часови електрична енергија, што е за 9% повеќе во однос на овој датум минатата година при температура од 10 степени, наместо вчерашната од нула.

Потрошувачката на електрична енергија месецов е зголемена за 25% како резултат на температурните разлики, а во однос на лани речиси е изедначена и има само два проценти повеќе во однос на истиот ден минатата година.

Од ЕВН – Македонија посочуваат дека во моментов нема поголеми прекини во снабдувањето. Прекините се подолги само во тешко пристапните места или во високите планински региони. Во градовите или во нисконапонската мрежа нема поголеми прекини, тоа се спорадични прекини во одредени населби каде најчесто страдаат осигурувачите и од невремето се оштетени каблите. Во вакви случаи екипите се постојано на терен и брзо ги отстрануваат дефектите.