Рекордни цени на златото и среброто

67

Вредноста на златото и на среброто утрово достигна највисоко ниво од 2011, односно од 2013 година.

Златото се продава за 1.860 долари за унца, додека среброто за 23 долари.

Цената на златото за испорака во август на њујоршката стокова берза Comex се зголеми за 0,77% и достигна 1.858,05 долари за унца, откако претходно се искачи на 1.866,75 долари, што е највисока вредност од деветти септември 2011 година.

Додека среброто за испорака во септември се продава за 23,185 долари, што е рекордна цена од 19 септември 2013 година.

Фото: Freepik