Рекордно ниска вредност на турската лира – аналитичарите сметаат дека виновникот е Ердоган

163

Вредноста на турската лира е на рекордно ниско ниво во однос на доларот – сега еден долар е 9,35 лири.

Вредноста на валутата оваа година падна за 20 проценти. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на олабавување на монетарната политика. Неговото влијание врз работата на Централната банка, што се одрази и во неодамнешното разрешување на нејзиното раководство, го поткопа кредибилитетот на монетарната политика.

Ердоган минатата недела отпушти тројца членови на Комитетот за монетарна политика.

Следствено, аналитичарите на Комерцбанк заклучија дека за монетарната политика не одлучува Централната банка, туку претседателската палата. Банката Сосиете Женерал претпоставува дека падот на вредноста на лирата ќе продолжи, т.е. дека до крајот на оваа година еден долар ќе изнесува 9,80 лири. Тие истакнаа дека Ердоган „ефикасно ги отстрани сите оние кои се противат на необичното гледиште дека високите каматни стапки предизвикуваат висока инфлација“, пренесува Ројтерс.