Renault подготвува два електрични кросовери за до 2022

9

Францускиот бренд во следните години ќе ја зголеми понудата на електрични модели, а следниот ваков автомобил се очекува да биде SUV.

По успехот кој го забележаа Captur и Kadjar, новиот директор на Renault, Лука де Мео, сака да го повтори истиот потег и кога станува збор за електричните автомобили. Тоа значи дека веќе во 2022 година би требало да ги видиме моделите Zandar и Morphoz, иако ова се уште не се потврдени називи за моделите.

Zandar би требало да биде позициониран во B сегментот и се очекува наскоро да биде прикажан во концептуално издание. Morphoz ќе биде поголем модел и ќе биде позициониран во C сегментот, а пазарот ќе пристигне кон крајот на 2022 година. Двата наведени модели ќе ја користат модуларната CMF-EV платформа, која светот иницијално ќе пристигне со Nissan Ariya.

Француските медиуми најавуваат дека електричните кросовери ќе располагаат со автономија меѓу 300 и 500 километри, како и дека целта е Morphoz ќе понуди голем простор во самата кабина. Овој модел би требало да биде долг околу 4,5 метри, но дизајнерите на Renault посебно ќе работат на тоа патниците во возилото да имаат што е можно повеќе простор.

Zandar и Morphoz треба да пристигнат до 2022

Се верува дека Renault нема да се примени футуристичкиот дизајн кој го видовме кај концептуалниот Morphoz, туку дека ќе се одлучи за поконвенционален изглед. Ентериерот најверојатно ќе биде ист како во Kadjar. Кога станува збор за самиот погон нема многу детали. Француските стручни новинари најавуваат повеќе достапни верзии, како и дека Moprhoz би можел да располага со 130 до 200 КС.

Она што е познато е дека овој модел ќе се произведува во Франција. Се нагаѓа и во врска со почетната цена за електричниот компактен SUV, а француските новинари тврдат дека за базичниот модел ќе мора да издвојат барем 40.000 евра, без субвенции.

Така, малиот Zandar кој е пандан на конвенционалниот Captur ќе го видиме најверојатно во следните неколку месеци, ако може да им се верува на тамошните медиуми, што ќе претставува и увид во она што ќе го понуди поголемиот Morphoz.

Преземено од Avtoplus.mk