“Ренесанса“ за фриленсерите во време на пандемија

87

Економијата на хонорарни работи, по краткорочното забавување на растот на приходите во текот на првиот удар од пандемијата, стана уште посилна за 28% во периодот од мај до јуни, покажува анализата на компанијата Payoneer, што е платформа за меѓународни плаќања.

Компанијата ги анализирала очекувањата и реалните плаќања меѓу фриленсерите и нивните клиенти во првата половина од годината, открива дека за неколку месеци од ширење на пандемијата, побарувачката за фриленсери не само што се зголеми, туку во многу земји доживеа вистински подем.

“Првата половина од годината беше вистински тобоган за глобалната фриленс економија. Како и многу други индустрии, го почувствува ударот од пандемијата, но закрепнувањето е застрашувачко“, вели Џони Стил, потпретседател за маркетинг во Payoneer.

Бидејќи компаниите ширум светот се прилагодуваат на работата од далечина, не изненадува фактот што концептот на флексибилна, достапна, квалификувана работна сила сега има многу поголема вредност од претходно.

Фото: Freepik