Реплек евидентираше добивка од 85,8 милиони денари за девет месеци

14

replek

Компанијата Реплек, од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 85.898.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од 2016 година, компанијата оствари добивка од 62.296.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно со 30-ти септември оваа година, беа на ниво од 652.965.000 денари. Продажбата на домашен пазар достигна 275.376.000 денари, додека на пазари во странство имаше вредност од 377.590.000 денари.

Главна дејност на компанијата е трговија на фармацевтски производи и медицинска опрема. Реплек има и супермаркет за широка потрошувачка, а се занимава и со трговија на долна облека, трговија со расветни тела и угостителство.