Реплек ќе исплаќа дивиденда од акумулирана добивка

24

replek

Годишното собрание на акционерското друштво Реплек донесе одлука за распределба на добивката.

“Со оваа одлука се утврдува распределбата на дел од акумулираната добивка од минати години на Реплек според годишната сметка за 2015 година за исплата на дивиденда во нето износ од 40 евра по акција, односно 2.468 денари“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

Добивката од тековната година, како што се наведува, ќе се распредели во акумулирана добивка.

Последен ден на истргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува 11.04.2016 година, односно за прв ден на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува 12.04.2016 година. Право на акционерите за исплата на дивиденда ќе се утврди со пресек на евиденцијата во акционерската книга на ден 14.04.2016 година.