Реплек со добивка од 43,3 милиони денари го заокружи првото полугодие

43

replek

Реплек во првото полугодие од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 43.303.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на првите шест месеци од 2016 година, компанијата оствари добивка од 36.218.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – јуни 2017 година, изнесуваат 403.188.000 денари. Од тој износ на домашен пазар се остварени 178.020.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 225.168.000 денари.

Главна дејност на компанијата е трговија на фармацевтски производи и медицинска опрема. Исто така, Реплек поседува и ланец на маркети Хубо, а се занимава и со трговија на долна облека, расветни тела и угостителство.