Реплек со добивка од 99,9 милиони денари ја заврши 2018 година

29

Компанијата Реплек минатата 2018 година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 99.952.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2017 година, компанијата прикажа добивка од 129.154.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – декември, достигнаа 974.868.000 денари. Од тој износ, 397.652.000 денари, додека поголемиот дел од 577.216.000 денари се остварени на пазари во странство.