Реплек за девет месеци прикажа добивка од 62,2 милиони денари

16

replek

Компанијата Реплек оствари вкупна сеопфатна добивка од 62.296.000 денари за период од девет месеци, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од 2015 година, компанијата прикажа добивка од 60.342.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – септември оваа година изнесуваа 563.802.000 денари. На домашен пазар се реализирани 309.570.000 денари, додека на странски пазари отпаѓаат 254.232.000 денари.

Главна дејност на компанијата е трговија на фармацевтски производи и медицинска опрема, а дополнително поседува и супермаркет за широка потрошувачка, а се занимава и со трговија на долна облека, трговија со расветни тела и угостителство.